22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски воз излета од шините, превезувал руски тенкови

Во Брјанската област во Русија, поради експлозија која се случила на железничката пруга, воз со нафтени деривати излета од шините.

Возот се состоел од 60 вагони.

Според „Дејли Мејл“, рускиот товарен воз наводно бил погоден од експлозивна направа а пренесувал руски тенкови.

Каналот Телеграм јавува дека локалните жители слушнале силна експлозија.

Инаку, претходно во селото Суземка, четири лица загинаа во гранатирање од страна на вооружените сили на Украина, објави „Маш“. Според информациите, сите загинати славеле роденден во куќата погодена од граната.