17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курти: Нема да има нова Република Српска на северот на Косово

Косовскиот премиер Аlбин Курти во интервју за хрватската новинска агенција „Хина“, во пресрет на новата рунда дијалог за нормализација на односите со Србија, изјави дека нема да дозволи создавање на некоја форма на Република Српска на северот на Косово.

„Со оглед на инсистирањето на Брисел, ќе ми биде драго да видам каков нацрт подготвиле, иако мислам дека би било подобро ако ми го презентираат прво во Приштина. Сепак, ќе се погрижам да се исполни она што веќе беше договорено на 27 февруари во Брисел, а тоа е постоењето на соодветно ниво на самоуправа на српската заедница според највисоките европски меѓународни стандарди за заштита на малцинствата“, вели тој.

„Но, она што нема да го дозволиме е правото на територијализација и создавање на што било слично на Република Српска во Босна и Херцеговина. Нема да дозволиме сателитска парадржава со деструктивна суштина која би ја поткопала државноста на Косово“, нагласи тој.

Курти тврди дека гледа сличности со Русија во односите на Србија со соседните земји.

„Сепак, нашата земја е нормална демократска земја која им дава индивидуални и други права на своите граѓани“, додава Курти.

Тој рече дека им служи на сите граѓани на Косово, без разлика на етничката припадност, социјалното потекло или верската припадност и дека во Брисел ќе обезбеди уставност и законитост на целата територија на Косово.

„Територијалниот суверенитет и интегритет се нешто што не смее да се нарушува. Сакам нормални односи со Србија, европски односи, добрососедски односи. Заштитата на малцинствата ни е важна. Но, ние не можеме да и дадеме извршни овластувања на локалната заедница бидејќи извршната власт е на Владата и на општините“, нагласи тој.

„Покрај тоа, сакаме да ги зајакнеме јавните услуги кои би им се нудат на сите граѓани без разлика на националноста, а не се обезбедуваат поради националност“, рече тој.

Значи, да почекаме да видиме како ќе се одвива средбата во Брисел, рече Курти.