12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Жесток напад на Русите врз украински град, многумина ранети, меѓу кои и едно дете

Бројот на повредени во рускиот напад врз украинскиот град Николаев се зголеми на 23, меѓу кои и едно дете, а едно лице загина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа штетата предизвикана од рускиот напад врз Николаев во текот на ноќта.

Зеленски напиша дека Русија не престанува да докажува дека главната цел на војната е теророт и уништувањето на Украинците и се што е украинско.

Во текот на ноќта Русија го гранатираше Николаев со четири проектили истрелани од Црното Море, а оружјето со висока прецизност беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и повеќекатница.