25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Откриено што е воениот објект пронајден во шума во Полска

Воен објект пронајден во шума во северна Полска е проектил „земја-воздух“ долг неколку метри, објави приватната радиостаница RMF FM повикувајќи се на неофицијални информации.

Полските власти соопштија дека во северна Полска во близина на градот Бидгошч се пронајдени остатоци од воен објект потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за откривање некој вид објект во областа.

Министерот за правда Збигњев Зиобро на „Твитер“ напиша дека остатоците се пронајдени во шумата на неколку километри од Бидгошч и дека воениот оддел на Окружното обвинителство во Гдањск, под надзор на Државното обвинителство, повел постапка во врска со тоа откритие.

Министерството за одбрана на „Твитер“ напиша дека ситуацијата не ја загрозува безбедноста на жителите, наведувајќи дека локацијата ја истражува воената полиција.

Објектот е пронајден на околу стотина километри од границата на Полска со Украина, Белорусија и руската енклава Калининград.