12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија одекна во Загреб

Експлозијата одекна синоќа во населбата Дубрава во Загреб, а два автомобила се оштетени.

Според полицијата, експлозијата ја предизвикал непознат сторител. Неофицијално, непознато лице фрлило експлозивна направа во двор од куќа, јавува„Индекс“.

Експлозијата одекнала еден и пол час по полноќ.

Повредени засега нема. Истрагата е во тек.