25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Влегол пијан во продавница, зел вино, почнал да пие и да вика: „Никој ништо не ми може“

Млад човек (25) среде бел ден мртов пијан влегол во продавница во Чаковец, Хрватска и од полица зел шише бело вино, го отворил и почнал да пие, кога касиерот го предупредил дека не треба да го прави тоа, тој почнал да вика, па била повикана полиција.

Откако продавачот го предупредил дека не може да пие внатре во продавницата, младиот човек почнал гласно да вика дека никој ништо не му може бидејќи сите го познаваат. Потоа отишол пред продавницата со шише вино, каде продолжил да вика, а не го платил виното, пренесува Индекс.

Младиот човек е прогласен за виновен и казнет со 100 евра и мора да плати 37 евра за судски трошоци.