11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарија го забрани увозот на украинско жито до крајот на јуни

Унгарската влада одлучи да воведе привремена забрана за увоз на жито од Украина, соопшти министерот за земјоделство Иштван Наѓ.

Според него, владата одлучила привремено да го забрани увозот на жито, маслодајни семиња и некои други земјоделски производи од Украина, пренесе ТАСС. Овој потег се должи на фактот што ЕУ не успеа да излезе со сериозни мерки за да го реши проблемот со многу евтиното украинско жито кое ги преплави европските пазари.

Наѓ рече дека забраната ќе биде на сила до 30 јуни 2023 година.

Министерот го објасни потегот со потребата да се заштитат унгарските земјоделци, кои трпат загуби поради приливот на евтини украински прехранбени производи. Украина, рече тој, користи земјоделски технологии кои веќе не се дозволени во ЕУ и ѝ овозможуваат на таа земја да ги намали трошоците и да ги преплави европските пазари со големи количини живина, јајца и мед, покрај житариците и маслодајните семиња.

Откако руската инвазија блокираше некои црноморски пристаништа, големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во Европската унија, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките тесни грла, што ги зголеми цените на производите на локалните фармери.

И Полска го забрани увозот на жито и друга храна од соседна Украина за да го заштити својот домашен земјоделски сектор.