10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус полн со ученици пробил банкина, возачот повреден: Сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

Денеска околу 14 часот и 20 минути на автопатот Белград-Ниш се случила сообраќајна несреќа кога автобусот со нишки гимназијалци пробил банкина, дознава Нова.рс.

Возилото се движело во правец на Ниш кога возачот од засега непознати причини изгубил контрола и свртел налево.

Автобусот ја пробил заштитната ограда, но не тргнал во спротивен правец.

Според првичните информации, повреден е само возачот на автобусот, но не се знае степенот на неговите повреди.

Децата кои биле во автобусот се безбедни.

Истрагата е во тек.