10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) САД: Воз кој превезувал опасни материи излета од шините и изби пожар

Воз кој превезувал опасни материјали излета од шините во селото Роквуд во американската сојузна држава Мејн, по што избувна пожар, соопштија локалните власти. Пожарникарите и спасувачките екипи на Роквуд ја објавија фотографијата на својата Фејсбук страница и ги советуваа околните жители да не се приближуваат.

Не е познато дали има повредени, а противпожарната служба не одговорила на барањето за коментар. На фотографијата објавена на Фејсбук се чини дека четири вагони излетале од шините, се гледа мал пожар и црн чад.

Роквуд се наоѓа на 50 километри од канадската граница, а тој дел е претежно рурален. Се наоѓа во близина на езерото Мужед, еден од најголемите извори на свежа вода во Мејн.