22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туристичкиот рај го потресе силен земјотрес: „Се тресеа, врати, кревети“, бил регистриран во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Бали во петокот во 09:55 часот по локално време.

Според EMSC, тој бил на длабочина од 596 километри, 129 километри североисточно од Пати, Индонезија и 87 километри северозападно од Тубан, исто така во Индонезија.

Беше почувствуван многу силно, траеше околу една минута. Се тресеше се, врати, кревети, вода во базенот. Беше прилично страшно, ова се само дел од коментарите на оние кои го почувствувале силното тресење.