17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во Москва, гореше голем трговски центар

Синоќа избувна пожар во голем трговски центар во предградието на Москва, во областа Куркино. Засега нема информации за жртви.

Снимката од пожарот беше објавена на Твитер од телевизијата Неста, независен белоруски медиум чии сопственици работат од Полска.

Според руската независна телевизија РЕН ТВ, пожарот се случил на автопатот Новокуркинскоје, а погодената површина е 300 метри квадратни. До опожарената зграда има бензинска пумпа. Пожарникарите утринава сè уште беа на терен, а пожарот сега е изгаснат. Руските власти се’ уште не излегле со официјална изјава за пожарот.

Причината за пожарот се’ уште не е позната, а истрагата е во тек. Во последната година Москва беше зафатена од серија пожари. Изгореа неколку трговски центри, хотели и владини згради, а осум странски државјани загинаа во пожар во хостел.