24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На жените кои не носат хиџаб, ќе им биде забранет влез во метро во Иран

Жените кои не носат хиџаб нема да можат да влезат во метрото во Техеран, објави денеска иранската државна телевизија.

Во метрото во главниот град на Иран ќе се формираат специјални групи кои ќе го следат спроведувањето на новото правило.

Многу Иранки, особено оние во големите градови, одбија да ги почитуваат правилата за носење хиџаб и ќе продолжат да протестираат под слоганот „жени, живот, слобода“, но во поиндивидуална форма.

Воведувањето на новата регулатива од иранските власти доаѓа откако девојчињата во средните училишта во Техеран, Карај и други градови продолжуваат да пријавуваат напади со отрови, пишува британскиот весник, додавајќи дека најмалку девет училишта биле нападнати во неделата.

Иранската влада во саботата објави дека ќе инсталира улични камери, како и дека ќе користи постојни сообраќајни камери, за откривање на жени кои не се придржуваат до кодексот на облекување, а прекршителите ќе бидат казнети.

Од локалната полиција најавија дека ќе добијат СМС пораки со предупредување за последиците. Претходно иранските власти изјавија дека жените кои ќе бидат приведени поради неносење хиџаб ќе бидат казнети со 19 фунти.

Истовремено, автомобилите во кои ќе има жени без хиџаб ќе бидат одземени 20 дена доколку возачот претходно го сторил истиот прекршок. Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претходно изјави дека неносењето хиџаб е поврзано со работата на непријателите и шпионите.

Според иранскиот шеријатски закон, кој беше донесен по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ја сокријат својата фигура. Оние кои не го почитуваат законот се предмет на јавна опомена, парична казна или апсење.