21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: И Зеленски ќе заврши како лидерите на ОВК

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека поранешните лидери на ОВК „се бореле против етничкото чистење, а денес се во затвор без никакви обвиненија“ додавајќи дека постои можност и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, да заврши како нив зад решетки.

Во интервју за РТСХ од Италија, каде што се одржа средбата на лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“, Рама вели дека е зачуден што „оние што се бореле против бруталниот режим се обвинети за воени злосторства“.

Тој нагласи дека Тачи, Весели, Селеми и Красниќи „минуваат низ нешто што е речиси исто тешко како војна со непријателот“.