25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца работници загинаа на аеродромот во Њујорк

Двајца работници ги загубија животите откако завршија под градежни материјали и земја на градилиште на аеродромот Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк.

Противпожарната служба на градот Њујорк и службите за итна помош вчера по 11 часот добиле дојава за работниците кои останале заробени во дупка, пишува „ABC News“.

Аеродромот веднаш издаде наредба за прекин на работата. Од „JFK“ во соопштението велат дека работниците „преместуваат комунални линии за да ги покријат зголемените енергетски потреби од проектот за реновирање на „JFK“.

Засега не е познат идентитетот на загинатите работници. Аеродромот „JFK“ предупреди на доцнење на патиштата околу двата терминали. Ниту еден лет не беше прекинат поради оваа несреќа.