22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена осомничената за убиството на воениот блогер-Најмалку 32 лица се повредени во експлозијата во Санкт Петербург

Дарија Трепова од Санкт Петербург е приведена под сомнение за убиство на воениот репортер и блогер Владлен Татарски, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на информиран извор.

Пред истражител е изведена Дарија Трепова, родена 1997 година, вели соговорникот на агенцијата.

Според него, истрагата има причина да верува дека Трепова во кафулето донела кутија со биста на Татарски во која имало експлозивна направа.

„Интерфакс“ наведува дека се уште нема официјална потврда за оваа информација.

Во експлозијата во „Стрит бар“ во центарот на Санкт Петербург загина познатиот блогер, воен известувач Владлен Татарски, а според последните информации уште најмалку 32 лица се повредени.