17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Несреќа во Хрватска: Со автомобил излетале во море, загина жена, а другите успеале да се спасат

Една жена загина кога автомобил излетал во море, кај траектното пристаниште во Прапратно, Хрватска.

Во возилото имало четири лица, а жената што загинала била сопатничка. По слетувањето, возачот и двајцата сопатници успеале да излезат од возилото, додека 45-годишната жена, останала во возилото.

Според информациите од хрватските медиуми, подоцна во ноќта било извлечено телото на жената од страна на нуркачи од Единицата за интервенции на Полициската управа, на Дубровник-Неретва.

Истрагата за оваа сообраќајна несреќа започна синоќа и се уште трае, а повеќе детали за овој настан ќе бидат познати по неговото завршување.

Како што пишува „Слободна Далмација“, ова е втора несреќа на ова траектно пристаниште во последните седум месеци. На 19 август минатата година, 27-годишен Индиец го загуби животот во тој залив, исто така излетувајќи со својот автомобил во морето.

Од очевидци било утврдено дека индискиот државјанин при паркирање не ја повлекол рачната сопирачка на автомобилот и завршил во морето.