Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Убава вест: Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк

Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март.

Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец.

Потсетуваме дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.

Грижата кон учениците и студентите се зголемува. МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини – ,,благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без кандидати за градоначалници

ДЕСК

МЗ: На паркингот во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК