20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петровска: Рушење на прозападните влади е една од претпоставките за целта на хибридната војна

Министерката за одбрана Славјанка Петровска в гостувањето во ТВ21 кажа дека секоја хибридна војна има цел, а една од претпоставките е дека со последните лажни дојави напаѓачот не сака стабилен и мирен Балкан. Таа додаде дека освен кај нас, зачестени дојави имало и во Црна Гора.

-Сценариото е да се поремети мирниот и стабилен Балкан и целта на хибридните војни е да дојде до промена во општественото живеење што би создало незадоволството. Со тоа незадоволство да се предизвика пад на владите кои се про-западно ориентирани. Ова е една од претпоставките зошто ова се случува во Република Северна Македонија и Црна Гора, рече Петровска.

Таа додаде дека треба да се инвестира во јакнењето на сајбер капацитетите на домашните институции.

-Разузнавачите служби испитуваат дали има домашни помагачи, рече Петровска одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека нема да споделува детали од истрагата.

Спонзорирано: