Centar.mk
БИЗНИСвестТЕМА

Можело: Во маркетите покрај поевтин леб, ќе купуваме поевтини тестенини, зејтин и млечни производи

Можело да поевтинат основните прехранбени продукти.

Мерките на владата дадоа резултат. Во маркетите деновиве сме сведоци како се продава леб за 33 денари или поевтин.

Пониски цени се забележани и кај тестенините кои е продаваат за околу 44 денари, а беа 51.

Маслото за јаденје исто така е далеку поевтино од порано и сега се продава под сто денари од литар.

Во меѓувреме за неколку проценти поевтинија и млечните производи.

Според познавачите на состојбите, ваквиот бран на поевтинување на основните прехранбени производи ќе продолжи и во период, заради тоа што голем број на компании се согласија да ги прифатат мерките на владата, но и е забележан тренд на конкуренција на пазарот, каде помали компании успеаа своите мали и непознати локални брендови да ги издигнат на повисоко ниво и да ги стават достапни низ целата држава.

Можеби ќе ве интересира

ВО СОСЕДСТВОТО ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА – Објавени новите цени

ДЕСК

ВИ СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРОДАЖБАТА ПРЕД ПРАЗНИЦИ? – Како да избегнете проблеми по сезонскиот бум

ДЕСК

ГЕРМАНИЈА УСВОИ БУЏЕТ ОД РЕЧИСИ 556 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ДЕСК