Малопродажните цени на бензинот и дизелот во Србија се намалуваат за три српски динари по литар. Новата максимална цена на дизелот изнесува 233 динари, додека бензинот се продава по најмногу 201 динар за литар.
Српските власти ја продолжија и мерката за намалување на акцизите за 25 проценти до 6 декември. Забраната за извоз на одредени нафтени деривати е продолжена до крајот на годината.


