12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Блинкен: Околу 200.000 Руси беа убиени или ранети во војната

Соединетите држави проценуваат дека околу 200.000 Руси веќе се убиени или ранети во војната против Украина, изјави државниот секретар Антони Блинкен на Минхенската безбедносна конференција.

Цената на речиси едногодишната војна беше поголема за Русија, истакна Блинкен.

– Имаме повеќе од милион Руси кои ја напуштија својата земја затоа што не сакаат да бидат дел од оваа војна и правецот во кој се движи земјата.

Дополнително, 1.000 или повеќе компании престанаа да работат во Русија поради страв од штета за репутацијата, според шефот на американската надворешна политика.

– Погледнете што се случи, што Путин и направи на сопствената земја – рече Блинкен.