17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган по страшниот земјотрес: Се надевам дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборуваше по катастрофалниот земјотрес од 7,4 степени според Рихтеровата скала, кој во текот на ноќта го опустоши јужниот дел на земјата.

Според првите информации, загинале најмалку 100 лица, а неколку стотици се повредени.

– Нашите спасувачки екипи веднаш беа испратени во подрачјата погодени од земјотресот. Нашите институции веднаш почнаа со работа.

Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала можна штета – напиша Ердоган на Твитер.