17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Орбан ја нарече Украина „ничија земја“ и го повика Киев да се предаде

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина „ничија земја“ и го повика Киев да се предаде.

– Владимир Путин нема да загуби, а времето е на страната на Русија – изјави тој за Политико, а пренесува „Раша тудеј“.

Тој додаде дека Украина се повеќе личи на Авганистан и се претвори во „неконтролирана руина“.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја коментираше изјавата на американскиот амбасадор Дејвид Пресман, кој го критикуваше ставот на Будимпешта за антируските санкции, порачувајќи му да не се меша во внатрешните работи на земјата.

Сијарто истакна дека мислењето на претставникот на Соединетите Американски Држави е „целосно ирелевантно“, бидејќи Пресман „нема никаква врска“ со внатрешните политички процеси во Унгарија, а мешањето во нив „не е негова работа“.

Според него, „ерата на гувернери и регенти“ испратени да им кажат на државите како да живеат е завршена.

– Никој однадвор не може да ни каже како да живееме и затоа е неважно што мисли граѓанин на друга земја, вклучително и амбасадор, за внатрешно-политичките процеси во Унгарија – рече Сијарто.

Тој додаде дека активностите на унгарската Влада се водат исклучиво од националните интереси.