17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден испраќа во Украина моќни ракети, но не се тие што ги бараше Зеленски

САД подготвуваат пакет воена помош од 2 милијарди долари за Украина, вклучително и ракети со долг дострел, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на два извора блиски до администрацијата на Џо Бајден.

Според еден извор, 1,725 ​​милијарди долари ќе дојдат од Иницијативата за безбедносна помош на Украина (УСАИ), која ѝ овозможува на Белата куќа да набавува оружје од индустријата наспроти постојните американски резерви.

Средствата ќе бидат искористени за купување на ракетата GLSDB, која има дострел од 150 километри. САД наводно го одбиле барањето на Украина за испорака на американски ракети ATACMS, кои имаат дострел од 297 километри, побарано од Володимир Зеленски.

Дострелот на GLSDB од 150 километри ќе ѝ овозможи на Украина да погоди воени цели, кои сега се надвор од нивниот дострел и да продолжи со контранапади.

Се очекува пакетот да вклучува опрема за поддршка на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, прецизно наведувана муниција и противтенковско оружје „Џавелин“.

Деталите за пакетот треба да бидат објавени во текот на неделата.

Спонзорирано: