Centar.mk
maricic
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Маричиќ: Немаме веќе изговори дека некој не блокира на патот кон ЕУ

„Што побрзо ја завршиме политичката димензија на европските интеграции, односно ги комлетираме уставните измени и постигнеме консензус, тоа побрзо ќе се движиме напред“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека немаме веќе изговори дека некој не блокира или дека чекаме некој да направи нешто и да ни даде сигнал, бидејќи сите сигнали се тука, се е напишано, на нас е да работиме.

„Од 15 септември до денес имаме завршено три рунди на објаснувачки скрининг и веќе сме во втората рунда на билатерален скрининг. Најважниот кластер ‘Темелни вредности’ е завршен, а сега го разгледуваме ‘Внатрешен пазар’. Оваа година клучните скрининг извештаи на кои ќе се осврне ЕУ се овие два кластера“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека на пролет треба да ги добиеме скрининг извештаите за овие два кластера и да започнеме со работа на клучните документи кои се предуслов за отворање на првиот кластер, а тоа се Патоказ за владеење на право, Патоказ за реформи на јавната администрација и Патоказ за функционирање на демократски институции.

„Доколку го завршиме скринингот успешно и ги изготвиме документите, тие документи може до почетокот на летото да се најдат пред Советот на министри на разгледување“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

СДСM: Техничката влада мора да остане

ДЕСК

ВЕДНАШ НАПУШТЕТЕ ЈА ДРЖАВАТА: Македонското МНР ги повика државјаните да го напуштат Иран во првата прилика

ДЕСК

Царинска управа: на Дојран спречен обид за криумчарење 5.050 штеки цигари – српски државјанин лишен од слобода

ДЕСК