21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Опасен криминалец зад решетки: Уапсен еден од најбараните од листата на Европол

Шпанската полиција соопшти дека уапсила лице кое од 2014 година е еден од најбараните криминалци на листата на Европол.

Во соопштението се наведува дека апсењето е извршено во провинцијата Толедо и дека се работи за лице кое е член на една од најактивните криминални организации во Шпанија во претходните децении и лице кое е „експерт“ за технички и компјутерски алатки.

Полицијата посочува дека 37-годишниот маж сега е под судски надзор поради тортура, киднапирање, недозволено поседување огнено оружје и муниција, закани, нанесување повреди и кривични дела против јавното здравје.

Уапсениот, меѓу другото, бил вмешан и во кражба на поголемо количество лекови во пристаништата, а бил одговорен за следење на контејнерите со лекови кои пристигнувале на пристаништата.