21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија: Од септември, најмалку 30 деца починале од стрептокока А

Најмалку 30 деца починаа во Велика Британија од инвазивни стрептококи А од 19 септември, објави Би-Би-Си.

Од тој датум, 122 лица починале во Англија од инвазивна форма на бактериска инфекција, според Британската здравствена агенција.

Меѓу загинатите има 25 лица помлади од 18 години, а уште три смртни случаи на деца се потврдени во Северна Ирска и Велс.