Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре дождливо и магливо време, а за Нова Година изненадување – Какво ќе биде времето за празниците?

Утре на места ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност, па во овие места дневната температура ќе биде пониска.

Прогноза за 29.12.2022
Минимална температура: 0 до 6°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Прогноза за 30.12.2022
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 14°C

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Прогноза за 31.12.2022
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК