12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Почина поранешниот врховен командант на руската копнена армија, Алексеј Маслов

Поранешниот врховен командант на руската копнена армија, генерал Алексеј Маслов, ненадејно почина во Москва.

Маслов, кој беше и главен воен претставник на Русија во НАТО, почина на 69-годишна возраст.

Компанијата „Уралвагонзавод“ каде што работеше по воената кариера ја објави неговата смрт. Маслов се пензионираше од воената служба во 2011 година.

Маслов е роден на 23 септември 1953 година.