10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Иран е погубен уште еден маж кој беше уапсен за време на протестите

Во Иран денеска јавно беше обесен маж осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили за време на протести, објави новинската агенција Мизан.
Тоа е втора егзекуција поврзана со антивладините протести за помалку од седум дена.

„Маџид Реза Рахнавард беше јавно обесен утрово во (светиот шиитски град) Машхад. Тој беше осуден на смрт поради „водење војна против Бог“ откако избоде до смрт двајца припадници на безбедносните сили“, објави агенцијата Мизан.

Демонстрантот Мохсен Шекари, кој беше осуден на смрт за прободување чувар и блокирање улица во Техеран за време на протест, беше погубен во четвртокот во Иран.

Групите за човекови права рекоа дека Шекари бил мачен и принуден да признае.

„Амнести интернешенел“ соопшти дека иранските власти бараат смртна казна за најмалку 21 лице за нивната вмешаност во неодамнешните протести што избија по смртта на 22-годишната Махса Амини.

Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната Амина, откако беше уапсена од државната полиција за морал, бидејќи наводно не носела хиџаб, како што е пропишано.