10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северот на Косово се уште блокиран, училиштата не работат

Северот на Косово е блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не е можно ниту пеш. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да останат мирни и да не наседнуваат на провокации. Училиштата на северот на Косово денеска нема да работат, јавуваат српските медиуми.

„Нема одмор во кампањата на насилство предизвикана од Приштина, дестабилизацијата што ја подигна на толку високо ниво Албин Курти може само да ескалира во конфликт по кој Белград ќе мора да интервенира и да ги заштити Србите на Косово изјави Милован Дрецун, претседател собранискиот одбор за Косово, за РТС.

„Курти секако не го стори тоа бидејќи дојде делегацијата на САД и додека тие се таму нема да преземе такви мерки, но ги држи своите специјални сили на готовност“, рече тој.

Додаде дека не е во интерес на Србите да предизвикуваат конфликти, особено со меѓународните безбедносни сили ЕУЛЕКС и КФОР.

„Србите сакаат мир и дијалог, но можни се провокации во мешаните области. Се создава атмосфера за да се покаже дека војната беснее и дека Србите ја предизвикуваат. Барикадите не се причина, барикадите се последица на секојдневниот тероризам на српскиот народ“, нагласи Дрецун.