24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен командант на американските сили во Европа: Украина ќе го ослободи Крим до август

Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, даде храбро предвидување за тоа како ќе се развива војната, сугерирајќи дека Украина е на пат да го ослободи полуостровот Крим до август 2023 година.

Скај њуз пишува дека „тешко е да се прецени важноста на еден ваков настан, под услов тој навистина да се случи“. Се додава дека „Русија во 2014 година незаконски го анектираше украинскиот полуостров Крим, кој сега го користи за воздушни и други напади против Украина“.

„Украинската војска ќе продолжи да ги удира руските штабови и линиите за снабдување и комуникација во наредните месеци за да го постави теренот за одлучувачката фаза на војната – ослободувањето на Крим. Очекувам да го ослободи Крим до август“, напиша Хоџис на Твитер.