11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Не знаеме ништо за тоа дека Зеленски предлага глобален мировен самит

Кремљ не слушнал за иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување на глобален мировен самит, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние не знаеме ништо за таква иницијатива, всушност не знаеме ништо за украинскиот претседател Зеленски кој работи за мир“, рече Песков.

Зеленски минатата недела разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден, како и со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон.