10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Европа ја замени својата зависност од рускиот гас за американски ЛНГ

Европа едноставно ја замени својата зависност од рускиот гас за зависноста од течен природен гас (ЛНГ) од Соединетите држави и додека губи милијарди, САД ги прават, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Земјите-членки на Европската унија вчера одржаа итен состанок во обид да се договорат за горната граница на цената на гасот за средбата на министрите за енергетика во вторник, но се чини дека се уште се разминуваат во ставовите.

„Европската аспирација да се ослободи од зависноста од рускиот гас е апсурдна и луда“, смета Песков.

„Тие само ја заменија својата зависност со префрлување од руски гас на американски течен природен гас. Всушност, зависноста продолжува, само со помал реципроцитет. И сега Европејците губат милијарди евра секој ден, а Вашингтон ги заработува тие милијарди во долари“, изјави портпаролот на Кремљ, пренесе РИА.