12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патрола на Еулекс нападната со шок бомби кај Рудар

Разузнавачка патрола на ЕУЛЕКС била нападната со шок-бомба кај Рудар на северот на Косово, но нема повредени и нема материјална штета, соопшти мисијата.

Тие ги повикаа одговорните да се воздржат од провокативни дејствија, а косовските институции да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

„ Силно ги осудуваме насилните акти извршени од вооружени лица на северот на Косово, вклучително и против меѓународната заедница“, соопшти Мисијата на ЕУЛЕКС во врска со нападот што се случи синоќа.

Како што се наведува во соопштението, ЕУЛЕКС ќе продолжи да работи одлучно да ја поддржи стабилноста на Косово, во рамките на својот мандат, и да придонесе за безбедноста на своето население од сите заедници.