11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Рогов: Крајбрежјето на Енергодар е цел на масовни напади

Украинските безбедносни сили го гаѓаа брегот на Енергодар со тешко вооружување, а беа истрелани најмалку 15 гранати, изјави Владимир Рогов за РИА Новости.

Рогов е член на главниот совет на проруската воено-цивилна администрација на регионот Запорожје.

„Сега крајбрежјето на Енергодар е цел на тешко вооружување. Регистрирани се најмалку 15 удари, граната од 155 калибар. Покрај тоа, забележан е и тежок дрон“, додаде Рогов.

Според него, во моментов територијата на нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во Енергодар, не е под оган.