16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Синот на Тина Тарнер пронајден мртов во својот дом

Рони Тарнер, син на пеачката Тина Тарнер, е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

TMZ пишува дека тој имал потешкотии со дишењето.

Полициски извори велат дека вчераутро примиле повик од лице кое кажало дека има потешкотии со дишењето.

Брзата помош по пристигнувањето констатирала смрт на 62-годишникот, а се уште не се знае точната причина, но познато е дека Рони со години се борел со ракот, пренесуваат медиумите во светот.

Тина според написите, се уште не се огласила за смртта, но зборувала неговата сопруга Афида.

„Овој пат дадов се од себе. Не можев да те спасам“, напиша таа.

Спонзорирано: