18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бебе се борело за живот додека родителите барале донор кој не е вакциниран од Ковид

Бебе чии родители не дозволиле да прими трансфузија на крв од дарител вакциниран против Ковид-19, денеска беше подложено на неопходна операција на срцето во Нов Зеланд.

Сју Греј, адвокатка на родителите на кои судот привремено им го одзеде старателството затоа што операцијата на детето е од витално значење, за новозеландската телевизија RNZ изјави дека момчето имало интервенција и се чувствува добро.

Високиот суд на Нов Зеланд во средата одлучи дека детето идентификувано само како „Бебе V“ треба да биде ставено под старателство на здравствените власти, за да може да има операција на отворено срце во болница во Оукленд.

Шестмесечното бебе немаше да преживее без оваа итна операција поради вродена срцева мана, пишува „Гардијан“.

Неговите родители рекле дека не сакаат да дозволат операција доколку не им се гарантира дека детето ќе добие крв од невакцинирани дарители.

Детето е ставено под грижа на педијатриски кардиохирург до завршување на операцијата и завршување на постоперативниот период, можеби до јануари 2023 година. За сите други работи, родителите го задржуваат старателството.

Родителите првично рекоа дека нема да се жалат на судската одлука и дека ќе го поддржат детето за време на операцијата, но подоцна во четвртокот судијата мораше да им нареди да им дозволат на лекарите да се подготват за интервенцијата, откако болницата рече дека ја попречуваат подготовката за операцијата и спречувајќи ги лекарите да му даваат на детето тест на крвта, рендген на градниот кош и подготовка за анестезија.

Овој случај предизвика и протест кај луѓето кои се против вакцинацијата.

Спонзорирано: