10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Орбан ја поддржа изјавата на Макрон: Војната во Украина различно влијае врз Америка и ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на преиспитување на санкциите воведени кон Русија и ја поддржа изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека цената на конфликтот во Украина е различна за ЕУ ​​и САД, иако тие се придржуваат до истите принципи.

– Претседателот Емануел Макрон е во право: цената на руско-украинската војна не е иста на двете страни на Атлантикот. Ако сакаме европската индустрија да опстане, треба брзо да ја решиме енергетската криза во Европа. Крајно време е да се преиспитаат санкциите – напиша Орбан на Твитер.

На 4 декември Макрон во интервју за американската ТВ Си-би-ес изјави дека Брисел и Вашингтон плаќаат поинаква цена за санкциите воведени кон Русија поради војната во Украина

Тој рече и дека потрошувачите во земјите на ЕУ се принудени да плаќаат високи цени за енергетските производи увезени од САД, што негативно влијае на односите и влијае на конкурентноста на европските земји