17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авганистан: Најмалку 35 лица загинаа во експлозија во верско училиште

Најмалку 35 лица загинаа, а 23 се повредени денеска во експлозија во верско училиште во провинцијата Саманган, на северот на Авганистан.

Според локални извори, повеќето од жртвите се студенти, пренесе ТАСС. Не е познато кој стои зад смртоносната експлозија.

Агенцијата потсетува дека талибанците рекоа дека се фокусирани на безбедноста откако ја презедоа власта минатата година, но дека во последните месеци имаше напади и дека терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за некои од нив.