17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Белата куќа за ослободувањето на Херсон: Ова ќе има стратешки последици

Белата куќа ја поздрави „извонредната победа на Украина во градот Херсон, кој беше ослободен од руската армија по речиси девет месеци окупација“.

„Се чини дека Украинците штотуку постигнаа извонредна победа. Единствениот регионален главен град што беше окупиран од Русија за време на војната сега е повторно под украинското знаме. Тоа е навистина извонредно“, им рече на новинарите Џејк Саливан, советник на американскиот претседател Џо Бајден. на самитот во Камбоџа.

Саливан истакна дека повлекувањето на Русија од Херсон ќе има „пошироки стратешки импликации“, вклучително и намалување на долгорочната руска закана за другите јужни украински градови, како што е Одеса.

„Ова е значаен момент што се должи на упорноста и вештината на Украинците, кои се неуморно поддржани од САД и нашите сојузници“, додаде Саливан.