17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинското знаме осамна во центарот на Херсон

На социјалните мрежи денес се прошири фотографија од украинското знаме поставено на споменик во центарот на Херсон, украинскиот град од кој руските сили забрзано се повлекуваат.

„Гардијан“ наведува дека тоа е многу веројатно дело на локални партизани кои биле активни во градот откако Русија го окупирала. Жителите на Херсон главно престојувале во своите куќи за време на руското повлекување. На „Телеграм“ каналите се шират информации дека украинските специјалци веќе влегле во градот, но оваа информација не е потврдена.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред два дена нареди повлекување на руските сили од градот Херсон. Вчера Русија потврди дека повлекувањето почнало, а Украина оттогаш ослободила повеќе од 10 населени места во областа.