17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Михаил Подољак: Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“ откако Москва им нареди на своите војници да се повлечат од градот во јужна Украина.

„Русија сака да го претвори Херсон во ‘град на смртта’. Руската армија минира сè што може: станови, канализација. Артилерија на левиот брег планира да го претвори градот во урнатини“, напиша Подољак во објавата на социјалната мрежа Твитер.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера најави дека руските сили ќе се повлечат од западниот брег на реката Днепар, кој го опфаќа Херсон, единствениот регионален главен град што Москва го зазеде од почетокот на војната во февруари.