16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саливан: Комуникацијата со Кремљ е во интерес на САД

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан потврди дека каналите за комуникација меѓу Вашингтон и Москва се отворени и покрај војната во Украина.

За време на своето обраќање во Њујорк, Саливан рече дека во интерес на САД е да одржуваат контакт со Кремљ, истакнувајќи дека американските власти „се свесни со кого си имаат работа“, пренесува Би-би-си.

Неговата изјава уследи по извештајот на Волстрит журнал во кој се вели дека Саливан разговарал со руски официјални претставници за да ги намали ризиците војната во Украина да ескалира во нуклеарен конфликт.

Се наведува дека Саливан бил во контакт со советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, но дека тема на разговорот не биле начините за ставање крај на украинскиот конфликт.

Белата куќа не објави јавно никакви разговори меѓу Саливан и висок руски функционер од март, кога американскиот советник за национална безбедност разговараше со Патрушев.

Минатиот месец Саливан рече дека секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има „катастрофални последици за Русија“, според Би-би-си.

Тој за Ен-би-си изјави дека високи функционери го „нацртале“ степенот на потенцијалниот одговор на САД во разговорите со руски официјални претставници.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во понеделникот рече дека САД го задржуваат правото да отворат канали за комуникација со Русија, додека Саливан, еден од главните советници на американскиот претседател, рече дека одржувањето контакт со Москва е „во интерес на секоја земја што е засегната од овој конфликт“, наведува Би-би-си.

Спонзорирано: