16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полски конзервативец: Причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат

Гневот на полската јавност го предизвика изјавата на Јарослав Качински, шефот на владејачката партија Право и правда (ПиС), дека причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат, пишува агенцијата ДПА.

Левата опозиција најави дека в понеделник ќе поднесе официјална жалба до етичката комисија на Собранието.

Просечната стапка на наталитет во Полска во 2020 година беше 1,4 дете на жена. Во Германија е 1,5, а во Франција 1,8. „Доколку девојките, младите жени, пијат како своите машки врсници до 25-годишна возраст, тогаш нема да има повеќе деца“, вели 73-годишниот политичар, пренесе агенцијата ПАП.

Качински исто така тврди дека за да се сметаат алкохоличари, мажите може да пијат прекумерно 20 години, а жените само две години. Левичарскиот политичар Роберт Бидрон ги нарече тие изјави срамни.

Сопругата на полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски, Ана Левандовска, на „Фејсбук“ му одговори: „Доста е! Ме лути кога гледам како политичарите неосновано ги обвинуваат жените наместо да решаваат вистински проблеми“. Фитнес-тренерката Ева Чодаковска, една од најпознатите инфлуенсери во Полска, рече дека тоа е врвот на омразата кон жените.

Спонзорирано: