10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: 4.500.000 луѓе се без струја

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Украина се подготвува за нови руски напади врз инфраструктурата, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио. Зеленски во своето ноќно видео обраќање истакна дека 4.500.000 потрошувачи се веќе без струја.

„Разбираме дека терористичката држава концентрира сили и ресурси за евентуално повторување на масовни напади врз нашата инфраструктура. Пред сè, енергија. Конкретно, на Русија и беа потребни ирански ракети за тоа. Ние се подготвуваме за одговор“, рече тој.