23.8 C
Скопје
14. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Имаме јасен план

Според написите на медиумите во светот, германскиот канцелар Олаф Шолц беше жестоко критикуван за посетата на Пекинг оваа недела.

Тој појасни дека заедничката изјава со кинескиот претседател Кси Џинпинг против употребата на нуклеарно оружје во Украина е доволна причина тој да отпатува таму.

„Бидејќи кинеската влада, претседателот и јас бевме во можност да изјавиме дека нуклеарното оружје не смее да се користи во оваа војна, само тоа го направи целото патување вредно“, рече Шолц на митингот на неговата партијас.

Кинескиот претседател се согласи дека двајцата лидери се против употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина, но се воздржа од критикување на Русија или повикување Москва да ги повлече своите трупи, наведува агенцијата.

Шолц рече дека диверзификацијата е клучна за ограничување на можните последици доколку се влошат односите на Германија со земјите со кои соработува.

„Имаме јасен план и го следиме до крај“, рече Шолц.