17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата: Се наоѓаме на работ на бездна во која не сакаме да паднеме

Папата Франциско упати апел до верските водачи да помогнат да се тргне светот од работ на кревката пропаст и да се спротивстави на новата трка во вооружување за која рече дека ги преобликува сферите на влијание од времето на Студената војна.

Папата ја пренесе пораката на својата прва целодневна посета на Бахреин додека го затвора форумот за дијалогот Исток-Запад промовиран од кралот на Бахреин, земја од Персискиот Залив, каде што на христијаните им е дозволено да ја практикуваат својата вера во црквите.

„По две ужасни светски војни, студена војна што го држеше светот во неизвесност со децении, катастрофални конфликти што се случуваа на сите страни на Земјината топка и соочени со обвинувања, закани и осуди, ние сè уште сме на работ на бездна во која не сакаме да паднеме“, рече папата.

Тој ја осуди ситуацијата во која „неколку моќници се наоѓаат во решителна борба за сопствените интереси оживувајќи ја застарената реторика, редизајнирање сфери на влијание и спротивставени блокови“.

Франциско, кој поддржува целосна забрана за нуклеарно оружје и често ја осудува глобалната трговија со оружје, рече дека верските водачи не може да поддржуваат војни – очигледно мислејќи на патријархот на Руската православна црква, Кирил, ентузијастички поддржувач на руската инвазија на Украина, кого папата имплицитно го критикува

Говорејќи пред папата, кралот Хамад бин Иса ал-Калифа повика на едногласност во запирање на војната меѓу Русија и Украина и на „сериозен дијалог за доброто на целото човештво“.