12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мелони првпат во институциите на ЕУ: Европа е наметлива во малите работи, но отсутна за големите прашања

Италијанската премиерка Џорџа Мелони за првпат по преземањето на функцијата денеска е во посета на Брисел на разговори со високи претставници на Европската унија.

Мелони ќе се сретне со претседателот на Советот на Унијата, Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

На средбите се очекува доминантни теми да бидат енергетската криза и економските проблеми.

Мелони денеска на Твитер напиша дека „гласот на Италија во Европа ќе биде силен: подготвени сме да се справиме со големите проблеми, почнувајќи од енергетската криза, да соработуваме за да најдеме решенија за поддршка на семејствата и бизнисите и да ги спречиме шпекулациите“.

Во книгата на разговори со Мелони, која треба да биде објавена утре во Италија, таа вели дека „Брисел не треба да се грижи за тоа што може подобро Рим“ и дека „Европа е напорна во малите работи, а отсутна во големите прашања“.

Италија е трета по големина економија во еврозоната и се очекува Мелони да се фокусира најмногу на итноста на европските мерки за намалување на цените на енергијата. За ова се залагаше и претходникот на Мелони, Марио Драги.

Посетата на 45-годишниот лидер на суверенистичката партија „Браќата на Италија“ а сега и претседател на италијанската влада предизвикува голем интерес во јавноста.