17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Издадено итно предупредување: Северна Кореја лансира уште една ракета

Северна Кореја лансира уште една ракета, а властите во Јапонија се сомневаат дека станува збор за балистичка ракета.

Во меѓувреме, од кабинетот на јапонскиот премиер соопштија дека е издадено итно предупредување.

Северна Кореја утринава повторно лансира повеќе балистички ракети вклучувајќи и проектил што активира предупредувачки аларми во неколку делови од централна и северна Јапонија, соопшти претходно денеска официјален Токио.

Јапонската влада првично соопшти дека ракетата ја прелетала територијата на земјата, што подоцна беше демантирано.

Јапонскиот министер за одбрана, Јасуказу Хамада, утринава изјави дека владата ја изгубила ракетата од радарот над Јапонското Море, а јужнокорејските власти соопштија дека интерконтиненталната балистичка ракета имала неуспешен лет, извести агенцијата „Јонхап“.